Tuesday, April 25, 2017

Without response 2

ФИЛИП ЦИКЛЕВСКИ 
Адреса: УЛ. БУЛ. XXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXXX 
               РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, СКОПЈЕ - АЕРОДРОМ 
Електронска пошта: FILIP CIKLEVSKI 
Тел/Факс: (02) XXXX XXX 


Република Македонија, Скопје - Аеродром, Понеделник, 14 Ноември 2011 година, поправено и довршено, Вторник, 10 Јануари 2012 година. 



До Комора на Лекари, Етички Одбор, 

Госпоѓо, Господине, добар ден, 

Јас, Филип Циклевски со Здравствена Легитимација број XXXXXXXXXXX, како невработен сум заведен во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центарот за вработување на град Скопје како Магистер по Сликарство според одлуката за признавање на високообразовна квалификација стекната во странство од страна на Министерот за образование и наука. Поради статусот на мојата диплома која е од Природни а не од Општествени Науки, ја имам привилегијата за стандардно аплицирање за работа но не и предност, сигурност за прифаќање на аплицирањето. Поради немање ресурси за одржување и живеење во станбениот простор кој гласи на мое име живеам со мојата мајка во нејзиниот стан, поради исто споменатите причини немам активен социјален живот кој за мене не е голем недостаток но тоа придонесе до привремени нарушувања на односите со мојата мајка која ги покрива сите финансиски потреби и на која мојата невработеност и неможност за финансиско осамостојување преставува проблем и срам кој не го посакува, но јас не можам да направам повеќе од моето активно учество во сите проекти за вработување во Агенцијата за вработување на Република Македонија, Центарот за вработување на град Скопје. Поради споменативе причини се одлучив да се обратам кај мојот матичен лекар и да побарам упат до Специјалист - Субспецијалист, психолог или психијатар за разговори. Така мојот матичен лекар ме упати до П.З.О. Д-р Павлов, Невропсихијатриски Центар кај Д-р Павле Павлов, Невропсихијатар. 

 

Уште првата сеанса, добив дијагноза; 
 
 а со тоа и ми се препишаа лекови за кои јас претходно јасно објаснив дека не сакам да ги консумирам и дека сум дојден, доброволно, за сеанси со разговор, исто така за подобрувањето на мојот неактивен социјален живот ми беше посочено дека и покрај од мене споменатиот финансиски проблем, цитирам; ќе ми биде најдено партнерка за со кондом. Ви ја доставувам и Фискалната Сметка за која подоцна откако потсетив за наплаќањето за втората сеанса ми беше објаснето дека наплатата е за сеансите за целиот месец. 
 
Следната сеанса несигурно беше закажана за Вторник 08 Ноември 2011 година, значи за една недела, каде и ми беше објаснето дека ако не започнам да ги примам препишаните лекови, со Полиција ќе ме земат од дома и ќе ме однесат во Бардовци, исто така Упатот за кој мојот матичен лекар им обележа дека сеуште важи не беше прифатен од нивна страна и за кој јас требаше да го обновам кај мојот матичен лекар кој беше изненаден од нивното неприфаќање и објасни дека тоа ќе го пријави на инспекција за ревизија. На следната сеанса, за време на сеансата, кога се дозна дека јас сум дециден во одбивањето на терапија, сеанси со пропишаниот вид на лекови но прифаќање на истата без пропишаниот вид на лекови, мојата мајка беше повикана телефонски за време на сеансата и ѝ се објасни горе наведеното во врска со повикувањето на Полиција за моето сместување во Менталната Институција Бардовци, со што и она беше повикана на разговор за кој подоцна дознав од мојата мајка дека бил наплатен. Исто така имам огромен притисок од мојата мајка да почнам да пијам таков вид на лекови за кои ако ги одбивам и понатаму да ги примам, консумирам, она е спремна се да направи па дури и најлошото, бидејќи, инаку како што она објаснува, кажа, цитирам; тие апчиња, лекови треба некој друг да ги пие. Ова мое обраќање до вас за кое бев информиран и ориентиран од Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, е побарување на информации за легално правно разрешување на моето одбивање на терапија, сеанси со пропишаниот вид на лекови но и прифаќање на терапија, сеанси со разговори без препишаните лекови, исто така го доведувам во прашање горе опишаниот професионален однос Лекар, Доктор, Пациент за кој од Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи ме посочија до вас како првенствена можност за изложување на ваков вид проблеми. 

Во исчекување на вашиот одговор. 
Со почит. 
Филип Циклевски